Полска и Украина бараат конфискација на рускиот имот во странство
Полска и Украина бараат конфискација на имотот на Руската Федерација кој се наоѓа во странство, изјави денеска портпаролот на полската влада Пјотр Милер.
„Средствата што треба да бидат наменети за обнова на Украина во моментов се замрзнати во европските банки, главно во западноевропските банки. Тие мора да бидат запленети за да се создаде фонд за обнова на Украина“, рече Милер на прес-конференција во Варшава, пренесува РИА.
Покрај тоа, како што рече, полската страна работи на економска соработка со полски компании со цел да учествува во обновата на Украина.
„Нашите инженери, нашите научници се подготвени да го поддржат овој процес. Но, во моментов, главната работа е да се најде извор на финансирање, а ние исто така бараме овие извори на финансирање да бидат руската сопственост“, рече портпаролот на полскиот влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…
Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…