Урнебесно: Ковачевски и Радев ќе преговараат за вчерашниот фудбал – Бугарија бара победа со 3:2
Вчера заврши фудбалскиот натпревар помеѓу нашата, и фудбалската репрезентација што сега за сега не е наша. пишува Кооперација.
Можеби резултатот беше нерешен, но тоа нема да ги спречи Димитар Ковачевски и Румен Радев да седнат на заедничка маса и да решат кој навистина победил.
“Доаѓам вчера капнат од работа и жената ми вика дека меѓу Македонија и Бугарија било нерешено! И одма се разочарав. Откако ја поправив дека треба да каже Северна, таа се поправи и повторно ми кажа дека било нерешено. И се нанервирав! ДО КОГА НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНО? АЈДЕ ЕДНАШ ДА ГО РЕШИМЕ! ЕДНАШ И ЗАСЕКОГАШ ДА ГО РЕШИМЕ! Потоа сопругата ми кажа дека зборела за фудбал, ама доцна беше. Јас веќе му се јавив на Румен Радев и му реков дека е време да решиме. Ќе решиме!” – изјави Ковачевски.
Од канцеларијата на Румен Радев рекоа дека се спремни за преговори. Првично, Бугарија бара победа од 3-2, со три автоголови на нашите репрезентативци. Така, двете земји ќе бидат задоволни. Нашите, поради тоа што дале пет погодоци, а Бугарите пореди тоа што победиле.
Ова решение е прифатено од страна на ЕУ, и набрзо се очекува да се потпише официјалниот договор, освен ако Ковачевски нема друг предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски фудбалер постигна гол од половина терен
Натпреварот помеѓу Нафта и Домжале заврши со…
Шпанскиот репрезентативец Jамал стана најмладиот стрелец…
Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…
Англија прва, Данска и Словенија без победа…
Англија со една победа, Данска и Словенија…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…