Апасиев: „Ако македонското небо беше забрането и за авионите на НАТО кога го бомбардираа Белград како за Лавров, денес ќе бевме респектирана држава“
Првата реакција за одлуката да се затвори македонското небо за прелети на летови од Русија, а со тоа и за тамошниот министер Сергеј Лавров, доаѓа од лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев.
„Да го забраневте македонското небо за прелети на НАТО авионите кои го бомбардираа Белград, на ист начин како што го забранивте прелетот на рускиот министер Лавров за Србија – досега ќе бевме респектирана држава, а не вазална територија владејана од октроирани квислинзи. Окупациона власт“, напиша Апасиев на Фејсбук и додаде хаштаг ‘окупациона власт’.
Од МНР потврдија дека Македонија го одбила барањето на Амбасадата на Руската Федерација за користење на воздушниот простор на земјата за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделник, на 6 јуни, планира посета на Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Две лица повредени со остар предмет, во…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…
Дејан Јованов останува во притвор 30 дена
На Д.Ј. од Кочани, првообвинет во случајот…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…