Европскиот суд: Британците кои живеат во ЕУ немаат право на глас
Европскиот суд на правдата одлучи дека британските граѓани кои живеат во Европската унија (ЕУ) немаат право да гласаат или да се кандидираат за функција во Унијата, освен ако не добијат европско државјанство.
Повеќе од милион Британци живееле во држави-членки на ЕУ, а многумина се спротивставија на излегувањето на Велика Британија од ЕУ во јануари 2020 година.
Прашањето го покрена Британка која повеќе од три децении живее во Франција, но по Брегзит таа била избришана од избирачкиот список и не можела да гласа на локалните избори одржани во март 2020 година. Таа одбила да поднесе барање за француско државјанство.
Жената тврди дека и во Велика Британија и е одземено правото на глас, согласно тамошното правило што ги попречува граѓаните да гласаат доколку живеат во странство повеќе од 15 години.
Европскиот суд на правдата пресуди дека луѓето кои живеат во Европа дури и пред Брегзит „повеќе не уживаат статус на граѓани на Унијата, ниту имаат право да гласаат и да се кандидираат на општинските избори во земјата-членка на живеење“, се наведува во одлуката на Судот.
Тоа е последица на суверената одлука на Обединетото Кралство да се повлече од Европската унија, соопшти Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…