Објавено на:

Гатилов: Нема никакви пречки за извоз на жито од наша страна

t

Обединетите нации сакаат да го решат проблемот со извозот на жито „во пакет“, односно да извезат украинско жито и во исто време да обезбедат извоз на руско жито, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева, Генадиј Гатилов.

„Нема никакви пречки за извоз на жито од наша страна. Претставниците на Обединетите нации дадоа и конкретни предлози како да се направи тоа, во колкави количини Русија е подготвена да извезува жито и вештачко ѓубриво. Прашањето е што е со украинската страна. Обединетите нации сакаат да го решат овој проблем „во пакет“, односно извоз на жито од Русија, но и украинско жито, што е вториот дел од пакетот“, изјави Гатилов за телевизискиот канал „Русија 24“.

Според него, Москва ги продолжува контактите со Обединетите нации кога е во прашање извозот на украинското жито и дека е конструктивна и подготвена да го реши овој проблем што е можно поскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…