Во Украина загина првиот чешки државјанин
Во борбите во Украина загинал првиот чешки државјанин, изјави во саботата чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, потврдувајќи ги медиумските написи за првата жртва меѓу чешките платеници и доброволци кои се борат на страна на украинските сили.
„Можам да ја потврдам информацијата дека во регионот Доњецк во Украина загинал чешки државјанин. Телото би требало утре да биде пренесено во Харковскиот регион“, изјави Липавски за чешките новинари.
Според процените стотина Чеси им се придружиле на ткн Меѓународен легион на украинските вооружени сили со согласност на чешките власти.
Чешкиот претседател Милош Земан во средата го одбил барањето на 127 сограѓани да учествуваат во воените дејствија во Украина во состав на силите на Киев, објави неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
„Врз основа на негативната препорака на Министерството за внатрешни работи на Чешката Република, претседателот Милош Земан во средата 8-ми јуни, на 127 чешки државјани им го одби барањето да се приклучат на вооружените сили на Украина“, објави Овчачек.
Ова е третото одбивање на Земан, кој и во минатото беше остро критикуван поради изјавите и добрите односи со Москва, на чешки државјани да им се приклучат на Вооружените сили на Украина. Претходно на 24-ти мај биле одбиени барањата на 11 а потоа на 1-ви јуни на 80 чешки државјани. Но на 11-ти мај, Земан дал согласност за 103 Чеси да се придружат на украинската армија.
На државјаните на Чешката Република им е дозволено да служат во вооружените сили да други држави само со дозвола на шефот на државата, кој е и врховен командант на чешката војска. Но, барањата мора да минат низ строга безбедносна проверка.
Во март годинава Овчачек објави дека Прашкиот дворец (претседателската резиденција), добил барања за одобрување за служба во украинската армија од повеќе од 300 чешки граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…