Јакимовски на увид: Ќе се санира градинката „Мајски цвет“
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.
– Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување.
Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.
При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини Јакимовски побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски: Големите објекти се важни, но најважно…
Министерот за спорт, Борко Ристовски смета дека…
Двајца митрополити на СПЦ ја поддржаа Студентската…
Двајца архиереи на Српската православна црква во…
ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…
ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…
Силен земјотрес го погоди Тибет, загинаа 16…
Бројот на повредени во земјотресот со јачина…
Македонија била и си останува култ на…
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври…