Таче се пишмани: Нема да оди во Киев, има интензивна агенда

t

Премиерот Димитар Ковачевски нема да оди во посета на Киев заедно со премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама, велат за „Фокус“ од Владата откако црногорскиот весник „Вијести“ објави дека Ковачевски и Рама ја прифатиле идејата на Абазовиќ заедно да одат во Украина.

-Поканата се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме.

Нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна. Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана, велат од Владата за „Фокус“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот во телефонски разговор го поканил Абазовиќ да го посети Киев, по што црногорскиот премиер ја покренал идејата за заедничка посета со другите премиери на државите од Западен Балкан кои се членки на НАТО.

„Како што најави, Абазовиќ ќе ја покрене идејата за заедничка посета на Киев со премиерите од Западен Балкан, пред сè со НАТО-членките од регионот, со цел да се испрати силна и едногласна порака за поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина од Западен Балкан“, соопштиле вчера од кабинетот на Абазовиќ, за што „Вијести“ пишуваше дека веќе има согласност од Ковачевски и Рама за да се реализира ваква посета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за…

Русија активираше интензивен ракетен напад и напад…

Путин го повика Киев на директни преговори…

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Украина…

Кос: Ако треба да чекаме со Украина…

Во некои аспекти, регионот беше подобар пред…

12 лица загинаа во руски напад на…

Русија денеска изврши голем напад со дрон…

Украина бара извинување од „Фокс Њуз“ кој…

Украина денеска ја повика телевизијата „Фокс Њуз“…