Поскапува таксито во Штип за 30%
Од утре поскапува такси превозот во Штип. Пресметките се дека ова зголемување ќе биде за 30 %. Висината на стартот не се менува, бидејќи за тоа е потребна одлука на Советот на општината, но повеќе нема да има гратис километри.
Но, ова нема да биде единствено зголемување. Ако нема владини мерки за стабилизирање на цените на горивата тогаш ново поскапување ќе има уште еднаш во јули и на почетокот од септември.
Зголемувањето на такси услугите значително ќе удри по џебот на штипјани бидејќи општината нема организиран градски превоз. Пропадна последниот тендер бидејќи на повикот не се јави никој.
Додека се чека на новиот тендер за градски превоз во кој ќе има субвенции и промена на правилата околу формирање на цените дури и оние што не можат во Штип ќе мора да одат пеш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…