Спутник: Покрај ИМЕТО, еве од што треба да се откаже МПЦ за да добие автокефалност

t

Долгоочекуваната заедничка литургија на свештенството на МПЦ-ОА и вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул не заврши со најавеното примање томос од Цариградската патријаршија за автокефалноста на оваа црква, пренесува Спутник Србија.

Како што дознава Танјуг од Белградската патријаршија, во преговорите меѓу патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан не е постигнат договор за автокефалност на Охридската архиепископија, со што би се исклучила јурисдикцијата на МПЦ во дијаспората.

По вчерашната заедничка литургија за МПЦ-ОА остануваат отворени многу прашања, прво кога и дали Вселенската патријаршија ќе издаде томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и како ќе се однесува кон дијаспората, односно дали Вселенската патријаршија во замена за давање томос бара црквите во дијаспората на МПЦ-ОА да завршат под јурисдикција на Вселенската патријаршија, а не на МПЦ!

Останува под знак прашалник дали црквата во Скопје ќе може да го задржи името „македонска“ или ќе мора да прифати да се преименува само во Охридска архиепископија, без да биде “македонска“.

Сепак, најголемиот проблем останува името на црквата во Македонија, бидејќи името „македонско“, велат тие, најмногу им пречи на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на Грчката православна црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…