Објавено на:

Подобро ќе поминеше во гулаг: Навални префрлен во најлошиот руски затвор, „Чуварите таму се олицетворение на злото“

t

Добар ден, би сакал да разговарам со мојот клиент Алексеј Навални, рекол пред неколку дена адвокатот Леонид Волков на чуварите на „казнената колонија 2“ во Покрово, на 100-тина километри од Москва. Во тој затвор, Путин го стави својот најголем домашен критичар кон крајот на март под обвинение за проневера и непочитување на судот.

„Тој затвореник не постои овде“, кратко му рекле чуварите на адвокатот на Навални, одбивајќи да дадат дополнителни информации за тоа каде се наоѓа.

– Не знаеме каде е Алексеј. Не можеме да добиеме информации каде е префрлен – изјави неговиот адвокат на социјалните мрежи.

Но, денеска се појавија информации дека Навални е сместен во „казнената колонија 6“ во Мелеково, затвор кој во Русија е познат по тешките затворски услови. Велат дека е најбрутален од сите. Навални и пред три месеци, откако беше осуден, навести дека може да заврши тука, пишуваат британските медиуми.

– Слушнав дека таму за мене градат затвор внатре во затворот – изјави тогаш Навални.

Малкумина го напуштаат тој затвор, во него казната ја отслужуваат најлошите криминалци, а оние кои поминале одредено време таму во ужас, секојдневно зборуваат за настаните што ги опкружувале.

– Моравме да се откажеме од адвокатот и правото на жалба… Чуварите ве соблекуваат уште првиот ден и почнуваат да ве тепаат со стапови. Оние кои не се согласуваат со нивните услови потоа се силувани. Сум го видел тоа многу пати. Така ги кршат луѓето – вели Иван Фомин, кој таму служел затворска казна.

– Тие луѓе таму се олицетворение на злото. Уживаат да ги мачат другите. За нив тоа е забавно – додава друг поранешен затвореник.

Против Алексеј Навални неодамна пред судот беше покрената нова кривична постапка, а доколку биде прогласен за виновен, му се закануваат уште 15 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремени врнежи од…

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно…

Денеска се празнува Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота го празнува…

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…