Објавено на:

„Медиапул“: Францускиот предлог значи вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка со ЕУ

t

Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација и тоа да биде одобрено од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, објави бугарски „Медиапул“ повеќе информации за францускиот предлог, од дипломатски извори.

Досега никој не го видел предлогот црно-бело, но Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Северна Македонија до Бугарија и другите земји-членки, стои во текстот на бугарскиот медиум.

-Тоа беше потврдено за време на последните дипломатски шатлови на комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и претставници на француското претседателство во Софија, додека „Има таков народ“ (ИТН) ја развива својата кампања за „национално предавство“. Нацртот на новата рамка треба да го добие Министерството за надворешни работи, предводено од министерката во оставка Теодора Генчовска, појаснува „Медиапул“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди…

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за…

Андоновска: Нудиме реални и остварливи проекти во…

- Денеска сме тука на главниот плоштад…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…