Петровска: Подготвени сме да имаме прва жена генерал

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во утринското гостување во емисијата Утрински брифинг, на прашањето кога Mакедонија ќе има жена генерал, изјави дека е подготвена да поддржи такво решение. На прашањето дали за тоа Армијата има соодветни кандидатки, Петровска одговори:

„Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети.

Во тек во Министерството за Одбрана и Армијата се проекти кои ги работиме заедно и со Канцеларијата на Обединетите Нации и со DCAF кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања – тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврото може да биде во неволја, еве…

Можноста Европската централна банка да отстапи од…

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши…

– Војната претставува сè поголеми предизвици поради…

Даштевски: Очекувам првичните резултати од двојните избори…

Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за…

Црвенковски одлучи да се затвори дома и…

Неприфатлив e молкот на поранешниот претседател Бранко…