Објавено на:

Германците ги чека тешка зима: Некој ќе мора да штеди

t

Ако Германија не заштеди гас во индустријата и енергетиката, тогаш земјата ќе се соочи со „тешка зима“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Според него, неопходно е поинтензивно да се користат германските термоелектрани на јаглен и да се полнат складиштата за гас.

Според телевизискиот канал „ЗДФ“, германскиот политичар летово планира да воведе и модел на аукција за гас. Во суштина, индустриските потрошувачи кои можат без гас ќе мора да ја намалат потрошувачката.

За потсетување, американската администрација ги повикува производителите на нафта и гас од целиот свет, вклучително и ОПЕК, да ја зголемат експлоатацијата за да ги намалат рекордните цени на горивото, изјави министерката за енергетика на САД, Џенифер Гринхолм.

– Американскиот претседател Џо Бајден побара од сите добавувачи ширум светот да го зголемат производството. Тоа ги вклучува ОПЕК и нашите домашни производители на нафта и гас – прецизира министерот во интервју за Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…