Преведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

t

„Утрово добив понуда за превод на материјали од северномакедонски јазик. Кој е тој јазик, знае ли некој? Јас не знам за таков јазик“, напиша преведувач од Скопје на својот фејсбук-профил и објави детали за преводот, инаку проект на ЕУ, пренесува МКД.мк

Се бара превод на 280 страници, една страница со 1.800 карактери, дека преводот од северномакедонски треба да биде готов до 1 октомври…

Синоќа Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи во емисијата 360 степени на ТВ Алсат изјави дека „според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка и тоа е една од најголемите победи за македонскиот народ и за државата“.

Еве што ден пред тоа изјави францускиот претседател Емануел Макрон : „Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот парламент со што се отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија, а со тоа напредок на албанското досие“, изјави Макрон во Брисел и им се заблагодари на „Северномакедонците“.

На ова Османи реагираше: Нема дилеми, Макрон направи ненамерна грешка именувајќи нѐ „Северномакедонци“. Комунициравме веќе со Амбасадата на Франција и немаме дилеми дека францускиот претседател направил ненамерна грешка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Само неколку часа подоцна нова изјава од Макрон: „Во однос на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија. Повикав на гласање во бугарскиот парламент, за укинување на бугарското вето во однос на северномакедонските преговори за членство, што исто така ќе ѝ помогне и на Албанија. Ќе продолжиме со ова. Ги имаме преговорите со бугарските и северномакедонските колеги да се најде решение и постигне договор во следните неколку дена и сите се подготвени тоа да се формализира“, изјави францускиот претседател Макрон.

Се чека на реакцијата на Османи и на оваа изјава на Макрон.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кампањата заврши, денес е изборен молк

Од полноќ стапи во сила молкот во…

Џипинг денеска во Белград – ќе го…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска доаѓа во…

Приведени две лица поради основи на сомнение…

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници…

Денеска се празнува Светол Вторник

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…