Блинкен: Санкциите имаат влијание кон Русија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Елмау изјави дека са нкциите воведени од западните држави кон Русија поради агресијата врз Украина имаат „длабоко влијание”.
Тој во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен за време на Самитот на Г-7 Германија, истакна дека Русија дури и кога има приходи од повисоките цени на нафтата, таа не може да троши пари поради контролата на извозот.
– Русија не може да го добие она што и е потребно за да го модернизира одбранбениот сектор, да ја модернизира својата технологија, да ги модернизира своите енергетски истражувања, што значи дека со текот на времето секоја од овие области ќе бележи пад, посочи Блинкен, коментирајќи ги предвидувањата според кои руската економија следната година ќе се намали до 15 проценти.
Блинкен потенцира дека Г-7 и НАТО ќе продолжат да прават сè што можат за да се ги обезбедат Украинците со тоа што им е потребно за да се одбранат од руската агресија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…