Вонредна седница на Влада и прес-конференција на Ковачевки: Вечерва ќе се прифати францускиот предлог?!

t

Вечерва со почеток во 20:15 часот ќе се одржи 57- та седница на Владата на Република Македонија, соопштија од „Илинденска“.

Иако во владиното соопштение не е наведено за што ќе се расправа, извесно е дека вонредната седница е закажана за Владата да биде запознаена со новиот француски предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на земјава со ЕУ, кој денеска пристигна во Скопје.

По одржувањето на седницата, Владата ќе ја информира јавноста, се додава во соопштението.

Во исто време, од владината прес-служба најавија и прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски, која според најавата треба да се одржи во 20 часот и 30 минути, само 15 минути по закажаниот почеток на владината седница.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…