Лицето кое го нападна Мицкоски водеше кампања за ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДУИ
Инцидентот меѓу активистите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи, обвинува ДУИ по тепачката во близина на плоштадот „Скендербег’.
„Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на „Комунална Хигиена“ во Скопје“.
велат од ДУИ.
Од ДУИ велат дека тие ги осудуваат инцидентите , кои според партијата се антиевропски и поттикнати од проруски елементи во општеството. Од партијата повикуваат на смиреност и непоттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.
„Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа“
соопшти ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…