Детали за блокадите: Непроодни ќе бидат и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп
Утре Македонија ќе биде блокирана еден час како знак на протест поради францускиот предлог. На вечерашниот протест пред Собранието беше најавено дека утре ќе има промена во начинот на протестирање.
Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени повеќе блокади на 4 места низ земјата.
Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп.
Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.
Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, порачува организаторот „Ултиматум, не, благодарам!“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
(Видео) Продолжуваат масовните протести во Србија
Десетици илјади студенти денеска протестираат во Крагуевац,…
Европската комисија бара извештаи за нападите на…
Обвинителството во Белград во изминативе неколку дена…
Во Белград протест на српската опозиција, го…
Стотици демонстранти се упатуваат кон Републичката изборна…
Илјадници протестираа законот за амнестија на каталонските…
Договорот за амнестија го склучи Социјалистичката партија…