Пронајдена дрога во “Голф” на патот Кичево-Гостивар
Вчера околу 18:00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Р. С. (46) од Охрид Ј. Т. (40) и Г. Ш. (39), двајцата од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.С., а сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш., полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети.
Денеска врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Р. С. (46) од Охрид, при што биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со течна материја, метална дробилка и други предмети. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Минирање на патот Кичево-Охрид денеска попладне
Денеска од 12.00 до 16.00 часот на…
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно…
На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид,…
Полицијата пронајде и одзема 100 таблети екстази,…
На 16.03.2024 во 21.00 часот на улица…
Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…
Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…