Објавено на:

Полни раце работа за МВР: “Уловени” возачи кои возеле 70 km/h над дозволеното

t

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи.

Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…