Објавено на:

„Moрето беше мирно, сè се смени во две минути“, раскажува Васил првото спасено момче

t

Дваесетипетгодишниот Васил Брезовски, првиот од тројцата Македoнц кој беше однесен во морето во Посиди на Халкидики, во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните моменти дo неговото спасување.

Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сè се смени. Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето, опишува тој за iefimerida.gr.

Раскажува дека се обидувал да остане смирен и над површината на водата.

До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди, вели тој.

За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Тој не можел да му помогне, но му рекол да почека, да остане смирен и дека помош ќе дојде наскоро. Навистина, сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Останал со него се додека не стасале спасувачите и Васил не бил на безбедно.

Васил моментално останува во болницата Полигирос. Само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден, вели се надевам и посакувам да се најде и другиот.

Спасените сакале да пренесат и порака за своите спасувачи, преку iefimerida.gr.

Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам, порачува Васил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…