Апсолутно никој не смее и не може да преговара за идентитетот и македонскиот јазик
Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која идна власт, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Тоа треба да ни биде јасно на сите. И ние апсолутно идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ што мора да се заштити по секој цена и нема разговори со никого, па нека биде и ЕУ во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет“, вели Спасовски.
Тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму, додава Спасовски во објавата, пропратена со видео изјава од гостувањето во емисијата “Клик плус” на ТВ 21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин е подготвен за мировни преговори по…
Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена…
Ангела Меркел и Марио Драги – Можни…
Европската Унија (ЕУ) ги разгледува кандидатурите на…
Задутре нови преговори Иран-САД во Пакистан
Наскоро ќе се одржат нови разговори меѓу…
Медиуми: Моџтаба Хамнеи даде благослов за преговори…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Преговорите за членство во ЕУ на Црна…
Новиот Закон за заштита на воздухот, подготвен…