На Прешево-Табановце запленети златници и накит вредни 12.780 евра
Српските цариници и полицијата на 14 јули на граничниот премин Прешево-Табановце со Македонија и на Аеродромот „Констатин Велики“ во Ниш спречија два обида на патници преку границата без пријавување да пренесат дукати-турски златници и златен накит, со вкупна вредност од еден и пол милион динари (12.780 евра), јави дописникот на МИА од Белград.
Првиот прекршок е откриен на излезната страна на преминот Прешево, каде во автомобил „Фолксваген артеон“ со германски регистарски таблички, во кој од правец на Македонија кон Германија патувале двајца мажи, под седиштето на сопатникот е пронајдена кутија со 22 златници-турски лири (дукати), чија вредност е проценета на нешто повеќе од милион динари (8.520 евра).
-Иако изјавиле дека немаат ништо да пријават, цариникот во преградата за документи под совозачкото седиште пронашол кутија со вкупно 22 златници -турски лири, чија вредност се проценува на нешто повеќе од еден милион динари, соопшти српската Царина.
Сличен случај е евидентиран истиот ден на преминот Аеродром „Константин Велики“, каде во рачниот багаж на патничка која пристигнала со лет од Базел е откриен непријавен златен накит.
-Иако во разговорот со цариникот дополнително потврдила дека нема што да пријави, во нејзината чанта биле пронајдени масивно златно ланче, нараквици, прстени и обетки чија вредност се проценува на околу 400.000 динари. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…
Пожарот кај Студеничани се шири – Во…
Во изминатото деноноќие на територијата на државата…