Ќучук: Од интерес на Бугарија е да има сосед кој е во ЕУ
Додека во Софија, министрите Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишуваа вториот протокол од Договорот за добрососедство, во Велико Трново група македонски и бугарски новинари дебатираа за соработка, комуникација и взаемно помагање во рамки на иницијативата „Време за разговор“, каде домаќин е бугарската агенција БТА.
Пред новинарите се обрати постојаниот известувач во Европскиот парламент за РМ, Илхан Ќучук, кој ги поздрави последните случувања во македонскиот и бугарскиот парламент.
Тој смета дека евроинтеграцискиот процес на РМ нема да биде отежнат со дополнителни проблематизирања од бугарска страна.
– Од интерес на Бугарија е да има сосед кој е во ЕУ. Нема потреба од проблематизирање зошто сето тоа е содржано во европските документи. Европската комисија преку своите процедури дека се што е забележано како идентитет, јазик за Северна Македонија е запазено. Опозицијата треба да реши дали сака РСМ да биде дел од ЕУ и да покаже не само храброст, туку и мудрост во своите ставови и дејства или да остане некаде во полето на сивилото и местото н РСМ во ЕУ да го земе некоја друга држава“, дециден е известувачот на Европскиот парламент за РМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
Зеленски за ЕУ: Го разбирам скептицизмот на…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски по средбата…
ЕУ им постави ултиматум на пет држави…
Европската Унија им постави ултиматум на пет…