Објавено на:

(Видео) Братот на Мартин: Не можам да си заминам дома без брат ми, потрагата е прескапа, потребна ни е помош!

t

Десет дена трае потрагата по исчезнатиот 31 годишен Македонец Мартин Јовановски, кој со своите пријатеи беше повлечен од морските струите кај Посиди на првиот крак од Халкидики.

Неговиот брат Горан е дојден од САД со сопругата и 10 месечното дете за да се приклучи во потрагата и да биде со својата мајка.

Горан апелира до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели нивните финансиски средства како семејство се исцрпени бидејќи износот кој е потребен за ангажирање на сите пловни и воздушни средства е превисок.

-За жал немаме никако резултат, никаков знак. „Заглавени“ сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да и кажам на мајка ми како да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери, вели Горан во изјава за грчки медиум и посочува дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат.

Вели дека се малку луѓе, а простор кој треба да се пребара е преголем. Испрати апел и до локалното население ако може да се вклучи и да помогне во потрагата. Вели, потребни им се авиони, дополнителни дронови и хеликоптери, а секој може да се вклучи.

Волонтерите од ОФТАТХ и денеска трагаат по младото момче, но работите не се одвиваат во посакуваната насока.

-Денеска е многу тешко бидејќи времето не ни помага. Ќе продолжиме да бараме до 16-17 часот и ќе дадеме се од себе како и секогаш. Еден чамец ќе тргне од Мудања до долниот дел, а друг од Неа Скиони до Посиди. Постои вистинска борба против времето. Се надеваме дека ќе го најдеме детето и ќе го вратиме на неговото семејство кое после 10 дена чека да го врати во татковината, вели претседателот на ОФКАТХ Христос Рамос кој е на лице место од почеток на потрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…