СВР Куманово апелира граѓаните да се воздржат од пукање на семејни прослави
СВР Куманово ги повикува граѓаните да се воздржат од пукање со оружје, како и од неовластено организирање огномети, за време на семејните веселби.
„Огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки“, соопштува СВР.
Тие потсетуваат дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра.
„Зависно од последиците, може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години. Секторот за внатрешни работи Куманово во месеците кои претстојат, во значителна мерка ќе ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир и конкретно и ефикасно ќе постапува“, стои во соопштението.
Извор: Kumanovonews.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…