Јовчески: Го повикувам министерот Спасовски да го разреши командирот на ПС Прилеп
Повод и причина за денешната моја изјава е да го осудам чинот од вчерашниот инцидент што се случи во раните утрински часови. Вчера на директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го опожариле неговиот семеен автомобил пред неговата куќа – истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
Ова ја прелеа чашата по однос на безбедносната состојба во Прилеп и ги доведе во несигурност моите сограѓани. Пред некој ден повторно имаше тепачка на ул. Републиканска. Минатиот месец бевме сведоци на масовна тепачка на млади пред еден прилепски локал и неколку криминолошки дејствија со препродавање и транзитирање на наркотични средства, кои ја зголемуваат несигурноста на моите сограѓани.
Токму поради ваквите инциденти, пред две недели на последната седница на Советот на Општина Прилеп одржана на 8 јуни, советниците истакнаа дека безбедносната состојба во Прилеп е алармантна и бараа оставка од командирот на Полициската станица Прилеп.
Командирот кој присуствуваше на седницата, информираше според неговиот извештај, дека безбедносната состојба во Прилеп е мирна и стабилна, и дека интензивно се работи на расчистување на инцидентите.
Но, по овој атак врз раководител на Јавно Комунално Претпријатие само се потврдува дека ништо не е мирно во мојот град и дека полицијата не ја одржува заштитата и безбедноста на моите сограѓани.
Со оглед на тоа што нам како Локална самоуправа ни’ се ограничени легислативните можности за смена и назначување на командир на ОВР Прилеп, го повикувам тоа да го направи Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Исто така апелирам да преземе соодветни мерки за заштита на Прилеп, и да престане да го става Прилеп на црната хроника со постапките и дејствијата кои се случуваат тука.
Го повикувам јавно да проговори кои мерки ќе ги преземе и дали ќе го остави Прилеп да биде место каде царува криминалот и безредието?!
Насилство, подразбира употреба на сила, како акт на агресија со кој се повредуваат лица, или се уништува сопственост. Ова не е закана врз само една личност, ова е закана врз развојот на Прилеп. Ова се чини дека е желба на поединци или групи, Прилеп да стагнира или да се врати во некое мрачно минато.
Како градоначалник на Прилеп тоа нема да го дозволам и сите мои ингеренции ќе ги впрегнам, Прилеп да стане и да биде развоен и успешен град.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…