Детали од исказот на пиштолџијата: Пукав зошто ми го кршеа хотелот „Де Кока“
Јусуф Енуз Кока, обвинетиот кој доби 4 месеци затвор за пукањето на протестот кај „Скендер бег”, пред судот тврдел дека пукал бидејќи демонстранти претходниот ден му кршеле возилата на паркингот пред неговиот хотел Де Кока, а биле и скршени стаклата од предната врата од хотелот. Наместо од 1 до 5 години затвор како што предвидува Кривичниот законик за ова кривично дело, тој доби само 4 месеци, пренесува МКД.
Обвинетиот по однос на вината изјавил дека во целост го признава кривичното дело онака како што е опишано во обвинителниот предлог по однос на време, место и начин на сторување.
Истиот појасни дека делото го сторил од причина што и претходниот ден, пред критичниот настан, од истите лица, учесници на протестот, му биле искршени возилата на паркингот пред неговиот хотел Де Кока, а биле и скршени стаклата од предната врата од хотелот.
„Тој лично го видел тоа претходниот ден, видел дека истите овие лица протестирале и претходниот ден и му ги скршиле стаклата на хотелот и возилата пред хотелот, со фрлање на бекатон плочки, чекани и стаклени шишиња“, стои во одговорот што Основиот суд Скопје го испрати до редакцијата на МКД.мк.
Кока и наредниот ден бил на работа, т.е. критичниот ден, и видел дека почнале истите овие лица од протестот да фрлаат по сите луѓе на плоштадот, почнале да се приближуваат да влезат накај чаршија, тоа се гледало и на камерите дека биле многу луѓе, во рацете имале молотови коктели, бекатон плочки, шишиња, и почнале да фрлаат према секој човек што бил таму, а фрлале и према хотелот и кон него.
За овој обвинет, претходно по пукањето на протестот прес-конференција одржа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои рече дека мета на Кока бил тој и дека требало да го убие.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…
Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…