Полицијата во Битола влезе во угостителски објекти, се точело алкохол на малолетници
На 23/24.07.2022 во периодот од 22.30-00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола и Одделението за криминалистички работи на подрачје на Битола во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Битола.
Притоа, констатирано е дека во двата објекти малолетници биле послужувани со алкохол за што ќе биде поднесена пријава по член 204 од Кривичниот законик. Во едниот објект констатирана е зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…