Апасиев: НАТО води кон тоталитаризам, не кон демократија!
НАТО води кон тоталитаризам наместо кон демократија, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во најновиот статус на Фејсбук.
Како поткрепа на неговото тврдење Апасиев ги зема статистиките за број на ослободителни пресуди во земјава кој, како што вели, е еднаков на статистичка грешка.
Го пренесуваме неговиот став во целост:
– По влезот на земјава во НАТО, процентот на ослободителни пресуди падна на историски најниско ниво од 1,7%!
Тоа значи дека, доколку Обвинителството ве обвини за нешто – имате 1,7% шанса да се одбраните (што е на ниво на статистичка грешка).
Мислам дека кај Талибанците во Авганистан процентот на ослободителни пресуди е поголем од кај нас.
Ова е само емпириски доказ дека НАТО води кон тоталитаризам и автократија, а не кон демократија.
#Натофундаментализам, напиша Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…