РКЕ в петок ќе одлучува за цената на парното
Регулаторната комисија за енергетика в петок (29.07) ќе одлучува за цената на парното, што зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани. Сите најави во Европа се дека доаѓа најтешката зима, што ги подгреа стравувањата како ќе се затоплат домовите на граѓаните, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат, пишува „Дојче веле“.
Ситуацијата е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ). До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…
Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…
Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…
Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…