Објавено на:

Целта на “Отворен Балкан” е исчезнување на Македонија, Косово и Црна Гора, вели Ѓукановиќ

t

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ го оценил како „многу контроверзен“ проектот „Отворен Балкан“, бидејќи, како што вели, тоа е алтернативно сценарио за иднината на Западен Балкан надвор од ЕУ.

-Тоа не ни треба, ни треба членство во ЕУ, вели Ѓукановиќ во интервју за војводинскиот портал „Autonomija“.

-Оние кои не го гледаат нашиот регион во Европа, не гледаат мултиетничка демократија ниту на Балканот. Им се допаѓа идејата за промена на границите, етничка и верска хомогенизација во рамките на проширените држави. Како и обично, сè почнува традиционално од српска страна, овој пат „српскиот свет“, а продолжува, автоматски, со истите големи државни лудории, рекол Ѓукановиќ.

Тој оценил дека „целта на авторите на идејата за Отворен Балкан е исчезнување на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија“ и додал дека тоа секако ќе заврши со „војна и некаков геноцид“.

На прашањето да ја коментира изјавата на премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој по посетата на Белград изјави дека со таа „историска посета“ успеала да ги „ресетира“ односите меѓу двете земји, Ѓукановиќ прашал „дали една, било каква посета, може да ги ресетира односите контаминирани речиси два века“.

Според него, Србија веќе два века има „хегемонистичка улога“ на Западен Балкан, што е „транспарентно завиткана во загриженоста на официјален Белград за загрозување на Србите во регионот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…

Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…

Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…

Македонија е трета на Балканот – Слободата…

Слободата на медиумите во светот е на…

ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците…

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози…