Проштална средба на Пендаровски со украинската амбасадорка Задорожњук

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се карактеризираат со меѓусебно разбирање и поддршка.

Соговорниците изразија уверување дека релациите меѓу двете земји ќе продолжат да се унапредуваат со заеднички заложби, посветеност и ангажман.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за територијалниот суверенитет и интегритет за Украина, како и воената, политичката и хуманитарната помош што земјава ја дава на Украина.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за дипломатскиот ангажман на амбасадорката Задорожњук и придонесот во развојот на македонско-украинските односи и ѝ посака натамошен успех на личен и на професионален план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…