Четврти различен став: Мицкоски конечно го „смисли“ референдумското прашање, сега се согласи со Пендаровски – Дали сте за ….

t

Претседателот на државата Стево Пендаровски пред неколку дена предложи доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата, тогаш референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“.

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека е на иста бранова должина со претседателот на државата, Стево Пендаровски сега Мицкоски посочи дека се согласува со неговото предлог референдумско прашање.

-Што се однесува до референдумското прашање, отприлика консултациите со експертите и внатрепартиските консултации конвергираат кон тоа што и самиот претседател на државата го кажа, Стево Пендаровски. Многу блиску сме до таа содржина која и тој ја кажа во јавноста. Очекува дека доколку конвергира суштината на тоа референдумско прашање да излезе Пендаровски на референдумот, да гласа според своето убедување. Ќе гласа дали треба да продолжиме под овие услови на диктат или ќе продолжиме по поинакви услови, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по четврт пат го промени својот став откако најави референдум. Најпрво во интервју во вестите на Сител истакна дека референдумот ќе биде за влез на Бугарите во Уставот. Потоа веќе наредниот ден најави дека референдумот ќе биде за измена на Францускиот предлог во еден член за потоа утредента да каже дека референдумот ќе се однесува на целиот француски предлог и билатералниот протокол со Бугарија.

Денес Мицкоски најавува референдум со прашање „Дали сте за членство во Европската Унија под овие услови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…