Граѓаните почнаа често да напаѓаат полицајци: Поради агресивност кон нив, приведени лица од Скопје, Тетово и Битола
На 07.08.2022 во 02:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Е.(26) од Тетово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 13:30 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.Г.(39) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2022 во 01:45 часот во Градскиот парк во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.П.(23) од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2022 во 05:10 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д.(21) од Тетово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…