Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено средно образование има за 11.000 повисока плата од редовен професор на УКИМ

t

На огласот за работна позиција технички секретар во АЕК, на која може да се аплицира и со завршено средно образование, платата е 47.000 денари. Ова е за 11.000 ден. повисока плата од таа на редовен професор на УКИМ, пишува професорката Билјана Ванковска на фејсбук.

Утрово видов и оглас за 26 работни места во ЦУК, кај Стојанче. Без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата. Куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир. А нашите студенти се утепаа од учење за кризен менаџмент, за цивилна одбрана и заштита, за ЦУК и тн.

И на сето ова додаваш вести за зголемување даноци и инфлација до небо, со највисоки цени на лебот, и си велиш: отишло се’ по ѓаволите, а уште ни есен не дошла (деца на школо, огрев, и сл.).
Но, затоа тие се дебелат – БУКВАЛНО!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Две лица повредени со остар предмет, во…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…

Дејан Јованов останува во притвор 30 дена

На Д.Ј. од Кочани, првообвинет во случајот…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…