Фуере: Бугарија се однесува како колонијална сила, не како членка на ЕУ

t

Охридскиот договор го издржа предизвикот на времето, но неговиот дух мора да се зачува уште повеќе, оценува поранешниот евроамбасадор во Скопје, Ерван Фуере. Во интервју за Алсат тој вели дека политиките треба да се спроведуваат во интерес на целото општество, а не само на одредена етничка група. Тој во оваа прилика ги спомна вработувањето во администрацијата и интегрираното мултикултурно образование. За договорите на Македонија, Фуере вели дека е изненаден што Скопје и ЕУ не обезбедиле реципроцитет во случајот со Бугарија

“Мислам дека е важен потсетник дека Охридскиот договор донесе мир и крај на вооружениот конфликт во Македонија и сепак создаде рамка за стабилност, за демократски институции и децентрализација на власта во време кога земјата веќе сакаше да ја покаже својата европска креденција и желбата да се биде дел од евроинтегративниот процес. Охридскиот рамковен договор исто така даде пример за регионот кој во тоа време сè уште беше под закана од меѓуетнички конфликти и меѓудржавни тензии. 20 години подоцна, би рекол дека договорот дефинитивно го издржа тестот на времето и покрај многуте пречки кои му беа фрлени на патот, особено за време на владата предводена од Груевски, со неговиот високо централизиран пристап кон власта и недостатокот на политички дијалог. Но, во исто време, има уште многу работа да се направи за да се осигураме дека духот на договорот е целосно испочитуван – вели амбасадорот Фуере.

Коментирајќи го договорот за добрососедство со Бугарија, дипломатот посочива дека на македонските граѓани им беа потребни тешки „апчиња“ за голтање и според него сепак ова ја докажува определбата на граѓаните и државата да ги извршуваат и постигнат главните политички цели.

– Морам да кажам дека сум малку изненаден, на пример, од обврската на владата да направи уставни измени за да го признае постоењето на бугарската заедница во државата. Изненаден сум што нема отпор од владата за да се обезбеди реципроцитет по ова прашање бидејќи сите знаеме дека Бугарија и понатаму одбива да ги признае и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на признавањето на македонската заедница во Бугарија. Затоа, ова ќе остане прашање за поделби во македонското општество и тоа е разбирливо. Исто така и прашањето дека сега некои делови од Договорот за добрососедство се дел од преговарачката рамка и мислам дека тоа навистина создава нова невидена ситуација во процесот на проширување. Токму поради недостатокот на реципроцитет за признавање на заедниците во Македонија и Бугарија, мислам дека е срамно што ЕУ дозволи тоа да се случи затоа што која е целта на овој суд доколку не се почитуваат неговите одлуки – заклучува Фуере.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…