Полска размислува да го ограничи пристапот до визи за руските државјани
Полска разгледува планови да го следи примерот на Естонија и Летонија и да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи, јави ДПА.
-Полска работи на концепт што ќе овозможи на Русите да не им се издаваат визи” – изјави денеска полскиот заменик-министер за надворешни работи Пјотр Вавчик.
Заменик министерот истакна дека неговата земја ја поддржува идејата за воведување на повеќе санкции од страна на Европската унија кон Русија поради војната во Украина, вклучително и воведувањето забрана за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ.
-Меѓутоа, влијателни земји од Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција и Холандија, се против тоа – нагласи тој.
Германија и Европската комисија се против воведување забрана за издавање визи за Русите на европско ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…
Полска привремено ќе го суспендира правото на…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…
Носителите на српски пасоши од Косово од…
Носителите на српски пасоши од Косово издадени…
Хорор во Хрватска: Полјак ја оставил болната…
Хрватската полиција во вторникот кај селото Медвиѓе…
Антивладини протести во Полска
Лидерот на полската десничарска опозициска партија Право…