Македонија не е меѓу нив – Путин: Ги цениме државите кои покажаа машки карактер и не му се поклонија на “хегемонот”
Русија високо ги цени своите сојузници и истомисленици на различни континенти, рече претседателот Владимир Путин, говорејќи на форумот „Армија 2022“.
„Тоа се држави кои не му се поклонуваат на таканаречениот хегемон. Нивните лидери покажуваат вистински машки карактер и не се наведнуваат“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Претседателот посочи дека овие земји избираат суверен, независен пат на развој, сакаат заеднички да ги решаваат прашањата за глобалната и регионалната безбедност врз основа на меѓународното право, взаемна одговорност и почитување на интересите на едни со други.
„На тој начин тие придонесуваат за заштита на мултиполарниот свет“, додаде тој.
„Русија искрено негува историски силни, пријателски и доверливи врски со земјите од Латинска Америка, Азија и Африка и е подготвена да им понуди на своите сојузници и партнери најмодерни видови оружје“, продолжи Путин.
Тој истакна дека во целиот свет овие видови оружје се ценети меѓу воените професионалци поради нивната доверливост, квалитет и висока ефикасност и дека речиси сите од нив се повеќекратно користени во реалните борбени операции.
Според претседателот, со развивање воено-техничка соработка, здружување на напорите и потенцијалот, Русија и нејзините партнери ќе можат да обезбедат сигурна безбедност и стабилност и за себе и за целиот свет.
Од 15 до 21 август во Патриот центарот во Москва се одржува меѓународниот воено-технички форум „Армија 2022“. Околу илјада и пол компании од воено-индустрискиот комплекс ќе ги претстават најновите модели на воена опрема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…