(Видео) Од Канада дојдоа да снимаат македонски песни
Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика.
Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници.
„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски.
Песната „Боже правда нема“ доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце.
Втората нова песна „Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски/Момироски.
И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари.
Во песната „Боже правда нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски.
Во песната гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет и Филип Нуневски на труба.
Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла.
Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница,…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му…
Од рубриката верувале или не: По дебаклот…
Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ…
УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА: Стојанчо…
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ остварија убедлива…
(Видео) ВМРО слави 4:1 водство пред СДСМ…
Кндидатот на ВМРО-ДПМНЕ од досега пребројаните гласови…
Макрон ја поврза војната во Иран со…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…