(Видео) Русковска на прашање на Инфомакс: Ова не е суспензија на Русковска, туку суспензија на правото и правдата!
Поднесов жалба до совет на јавни обвинители . Жалбата само што е доставена, членовите треба да се запознаат, но за јавноста ке наведам дека со ги побивам наводите во решението , изјави Вилма Рускоска.
Сметам дека се однесува на кривичната пријава која ја поднесе Арафат Муареми против мене, вели таа.
На прашање на Инфомакс дали причината за нејзината суспензија е постапката која таа ја поведе против Муареми, односно за екс-директорот на Финансова никогаш да не одговара за стореното таа одоговори:
Ова не го сметам за суспенција на Вилма Рускоска, туку за суспензија на правото и суспендирање на правото, вели Русковска
Без разлика со имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет,, не верувам дека било кој колега после ова ќе продолжи да постапува по истите, изјави Рускоска ,
Сега за сега немам никакви закани , што не значи дека и ќе нема,вели таа.
Имено минатиот месец беше извршен претрес во седиштето на Финансовата полиција, но и кај директорот на управата Арафат Муареми. При претресот беше издадена наредба за обезбедување на доказен материјал и списи од преку 300 предмети кои биле водени по анонимна пријава во Финансовата полиција.
ОЈОГОКК ја покрена оваа истрага поради основано сомневање дека во Финансовата полиција со која директорува Муареми, инаку кадар на СДСМ, во изминативе четири години се одвивала добро организирана рекетарска шема, која се користела за изнуда на пари од голем број на бизнисмени од земјава.
Конкретниот случај на ОЈОГОКК против Муареми се однесува на кривична пријава против Директорот на Финансовата полиција во која се обвинува дека барал рекет од 50.000 евра за да запре истражна постапка, која била отворена по примена „анонимна пријава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…