Управата за финансиска полиција: Изјавите на Русковска за побараните предмети се невистинити

t

Невистинити се изјавите на обвинителката Вилма Русковска дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека и се доставени само 30-тина предмети кои таа не ги ни барала, реагираат од Управата.

Со Наредбата за претрес и Барањето за податоци од страна на Управата за финансиска полиција, додаваат, се бараат сите анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот, односно денот на одговор по барањето.

– Во барањето за податоци даден ни е рок за постапување од 10 дена и истиот започна да тече од 18 јули 2022 година. Седум дена по претерсот и барањето, односно на 25 јули, кога Управата за финансиска полиција излезе со соопштение во јавноста во кое информиравме за претресот и поднесени претставки поради сомнение за злоупотреби од страна на обвинителката Вилма Русовска, во 14 часот во Управата пристигна допис со кој што се бараше Управата веднаш да ги достави дотогаш прибраните предмети и списи. Управата за финансиска полиција во тој момент располагаше со обезбедени 35 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето“ и тие предмети беа веднаш доставени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, наведуваат од Управата.

Во меѓувреме, како што посочуваат оттаму, постапувајќи по наведеното барањето од страна на Управата за финансиска полиција, дополнително обезбедени се уште 150 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето и за истото Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со допис е известено.

– Во дописот, меѓудругото е наведено следното „ Согласно член 287 ст.2 од Законот за кривична постапка „Субјектите од ставот (1) на овој член се должни на јавниот обвинител да му достават податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи кои му се потребни во текот на постапката. Јавниот обвинител има право да бара податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи и од други правни лица и од граѓаните за кои може основано да смета дека располагаат со такви податоци или информации.“, а имајќи го предвид Извештајот од извршениот Надзор од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во кој што извештај е констатирана ненадлежност на обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска да постапуваат по конкретниот предмет РО бр.155/22, Ве молиме писмено да не известите на чие надлежно постапување, согласно одредбите од Законот за јавно обвинителство е доделен предметот РО бр.155/22, а со цел од страна на Управата за финансиска полиција на надлежниот јавен обвинител да му бидат предадени бараните податоци/ предмети и воедно со надлежниот обвинител да биде составен Записник за примопредавање на предмети.“, се наведува во соопштението од Управата.

Управата за финасиска полиција, велат оттаму, е во исчекување на одговорот од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел да ги достави обезбедените податоци/предмети кои се побарани од Управата согласно Барањето за податоци РО 155/22 од 18 јули 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…

Страшен настан го потресе Скопје, но не…

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Приведено лице по распишана потерница за доиздржување…

Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица…