Ѓорчев е убеден дека ќе добијат предвремени парламетнарни избори

t

Им ветивме функционална општина Тетово која што ќе ги решава проблемите на луѓето. Им ветивме совет кој што ќе го поддржува градоначалникот и неговите проекти и идеи, така што мислам дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ја одработија наиде на добар прием кај луѓето, вели Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното вклучување во централниот дневник на ТВ Сител.

На прашањето дали се оптимист дека ќе добијат предвремени парламентарни избори, Ѓорчев истакна дека тој лично е оптимист, укажувајќи дека власта е тотално неспособна да ја води државата, како и дека очекува предвремени парламентарни избори час поскоро се со цел да дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ со огромна поддршка од граѓаните која што ќе ја консолидира Македонија.

Апсолутно сум оптимист. Не само што сум оптимист тоа е неопходно за Македонија. Македонија мора да застане на нозе, Македонија секој ден се понижува, секој ден има скандали и катастрофи, значи веќе бројот не им се знае. Истовремено гледаме дека скапотијата е огромна, гледам дека се фали власта дека 10 проценти ќе ги зголеми платите, а цените на производите се отидени 100 проценти, 150, 200 проценти. Имаме огромна инфлација, неспособна влада, имаме тешка зима пред нас, а владата е тотално неподготвена и навистина облачно е и економски и државно. На предвремените избори час поскоро очекувам силна влада на ВМРО-ДПМНЕ со голема поддршка со 61 пратеник која што ќе може да ја консолидира Македонија, дециден е Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…

Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…

(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…

Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…

Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…

Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…

Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…

Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…