Објавено на:

Разговор Вучиќ-Алиев: Србија може да купува струја од Азербејџан по поволни услови

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Азербејџан телефонски разговарал со претседателот на таа земја, Илхам Алиев, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Претседателот Вучиќ побара од претседателот Алиев помош за обезбедување доволно количество електрична енергија, а претседателот на Азербејџан одговори на тоа барање и рече дека на Србија и е одобрен меѓудржавен договор за набавка на струја од Азербејџан под поволни услови, се наведува во соопштението.

Вучиќ и Алијев се согласија дека Србија и Азербејџан за четврт век изградија добра соработка, која е надградена на ниво на стратешко партнерство.

Претседателот Вучиќ рече дека Србија е силно решена за натамошно зајакнување на односите со Азербејџан, засновани на пријателство и меѓусебно разбирање, пренесува Танјуг.

Во разговорот се разговараше за конкретни предлози за продолжување на соработката, како и за бројни актуелни прашања од значење за двете земји.

Претседателот Вучиќ го повика претседателот Алиев да ја посети Србија што е можно поскоро, со цел да се даде поттик на соработката, особено во областите како што се енергетиката и земјоделството.

Вучиќ му се заблагодари на Азербејџан за почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и посочи дека е цврсто посветена на почитувањето на меѓународното право и неповредливоста на границите на сите членки на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Вучиќ: Ни пристигнаа возовите од Кина!

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека возовите…

Вучиќ: Големи се шансите Косово да стане…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна…

Србија е единствената земја во регионот која…

Според податоците на Организацијата за храна и…

Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…