Американските „летечки тврдини“ Б 52 ќе го надлетаат Скопје и Македонија
Утре (понеделник 22.08.2022.) во 14:35 часот, Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52, соопштија од Одбрана.
Прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи ја и Северна Македонија.
Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Б-52 се американски стратешки бомбардери кои за првпат полетале пред точно 7 децении, во април 1952. Го носат прекарот летечки тврдини бидејќи се опремени со големо количество бомби и повеќе митралески позиции за одбрана од други авиони-ловци.
Боинг ги произведувал до 1966-та и за американската армија произвел вкупно 744, од кои сега се активни 58, а дополнителни 30 бомбардери се во резерва или се складирани. Авионот го управува 5 член екипаж, а во минатото имало и дополнителни 6-до 6 членови на екипажот кои ги активирале бомбите и митралезите.
Со модернизацијата на авионот, позицијата на ткнр. gunner се исфрлени. Б-52 кога е празен тежи над 84 тони, додека максималната дозволена тежина за полетување му е над 220 тони. Разликата во тежината е затоа што може да понесе 31, 5 тон бомби, а резервоарот му собира do 181 илјада литри гориво.
Должината на летечките тврдини е околу 48,5 метри, со распон на крилјата од 56,4 метри. Летаат на висина до 15 илјади метри. Еден авион чини 84 милиони долари, иако годишно се трошат дополнителни неколку милиони долари за одржување и ремонти на преостанатите бомбардери во составот на американската воена авијација.
Биле употребувани во сите американски интервенции од 1955-та година од кога се во активна служба. На почeтокот до средината на 60-тите години од минатиот век, многу често Б-52 се користел за вежби со нуклеарни боеви глави, а овој тип на авиони има учествувано во 4 авионски несреќи додека летал со нуклеарно оружје.
Во овие „нуклеарни“ несреќи на Б 52 имало десетина загинати, но не се случило најлошото и не било активирано нуклеарното оружје. Последните две се случиле во јануари 1966-та во Шпанија кога експлодирала обична бомба, но нуклераните биле оштетени, додека во несреќа на Гренланд нуклеарките биле оштетени и имало радиоактивно протекување кое било расчистувано цела година. Оттогаш Б 52 не се користи како стратешки авион со нуклеарно вооружување.
Авионот има голема значење и во американската популарна култура, позната е групата со истоимен назив „B 52’s“ од Атина, Џорџија, бенд кој е врсник на многу попознатите нивни сограѓани R.E.M. По името на летечката тврдина е создаден и коктел со основа Ирски Бејлис.
Б 52 нема првпат да го надлетуваат Балканот бидејќи САД ги употреби овие авиони во интервенцијата на НАТО во Србија 1999-тата година при повеќе бомбардирања низ Србија и Косово.
Авионите ќе полетаат од британската база Ферфорд, а ќе го надлетаат целото југоисточно крило на НАТО од кое дел е и Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова ја поздрави одлуката на Србија да…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна…
Руте утре ќе ја посети Полска, на…
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте утре…
Вучиќ: Се плашам за иднината на Србија,…
Шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Ќе се ограничат ли маржите на основните…
Владата размислува за ограничување на маржите на…