Откако остана без струја поради неплатени сметки: „Опера и балет“ се сели во Арачиново
Раководителите на „Националната опера и балет“, чиј објект пред неколку дена беше исклучен од мрежата за електрична енергија поради неплатени сметки, денес се пофалија дека успеале да најдат прифатливо решение за овој долгогодишен проблем и ѝ ја презентираа на јавноста новата локација на која ќе се одржуваат пробите и претставите.
Во прашање е новата спортска сала во Арачиново, која после темелни анализи и опсежни консултации со докажани експерти за заштеда на електрична енергија, е избрана како најпрактична и најекономична за продолжување на досегашниот начин на работа на установата.
– Огромно благодарам до експертите од ДУИ, посебно до нивниот претседател Али Ахмети, кој освен што ни покажа како се користи продолжен кабел, не’ научи и како да продолжиме – и со работата, и со неплаќањето на сметките. Неговата мудрост не’ просветли и не’ поведе во еден нов и храбар свет, во кој сонот за бесплатна струја е реалност. – рекоа од „НОБ“
Тие додаваат дека спортската сала во Арачиново ќе биде зимска сцена, во која претставите ќе се играат на затворено, додека за летна сцена добиле ливада во близина на главната продавница во Грчец, од каде ќе добиваат бесплатна струја за летните настапи.
Teкстот е сатира
Извор: Кооперација
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…
Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…