Нема потреба од дозволи: Владата донесе одлука за превозот на стока меѓу Македонија и Украина
Владата на денешната 72. седница ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.
„На денешната седница беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји“, информира владината прес-служба.
Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…
Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…