Кражба тешка 100 милиони евра: Само ЕВН испаднаа мажи во Арачиново!

t

Инфомакс ја актуелизираше информацијата дека Арачиново не плаќа струја, односно дека над 80% од Арачиново со години прави огромни минуси на ЕВН во делот на губиток на електрична енергија поради општа кражба, а обидите за воспоставување на правен и праведен систем на наплата редовно наоѓа на отпор на неселението и тоа е посебно изразено кон вработените на ЕВН и обезбедувањето.

Во ситуација во која цела Македонија плаќа електрична енергија, а 10-тина илјади жители се агресивни и се закануваат и ги тепаат оние кои дошле да ја вршат својата дожлност. Оба го немало ниту на дивиот запад.

Прозападни настроени кон Брисел и Вашингтон, со знамиња на ЕУ и САД, но струјата да биде бесплатна, и други да ја плаќаат. Вака ли се оди напред?

Каде се сега шарените да протестираат за правда и правичности?

Место ние што плаќаме струја да протестираме што ни наплатуваат за нивното дрско и криминално однесување за да се луксузираат на наша сметка, протестираат оние кои не плаќаат, дури и со насилство. Која иронија.

Државата мора да спроведе правда и да и помогне на ЕВН. Државата е должна да ги заштите и другите кои плаќаат и да создаде праведно општество.

Веста силно оддекна по нашата истражувачка сторија, фрапантни податоци дека Арачиново годишно краде струја од околу 6 милиони евра, но и дека други скопски општини ја следат таа практика и месното население со диви приклучоци и разни манипулации прават мулти милионски штети на ЕВН, а по тој основ индирекно и на буџетот на сите граѓани на државата, но и на самата држава. Проценките се дека за последните 10 години скопските општини Арачиново, Серава, Сингелич и Грчец направиле кражба од фантастични 100 милиони евра.

Граѓаните за оваа неправда се обединети без разлика на партии и етникум и изразуваат и фрустрации, но бараат и акција од надлежните ова конечно еднаш и засекогаш да се реши.

По социјалните медиуми се води голема дебата од незадоволство во контекст на тоа како е можно денес во 21 век некој да троши толку многу струја и буквално да се луксузира, а други да ја плаќаат сметката за тоа.

Една од најчестите коментари е дека ЕВН треба да ја добие целосната поддршка и Арачиново да биде исклучено од електродистрибутивната мрежа, исто како и на секој кој не платил струја, но и дека не се наивни чесните Албанци и македонци од Тетово, Скопје, Гостивар итн кои редовно ги подмируваат сметките за струја.

ЕВН треба да добие комплетна безбедносна поддршка и логистика и да го исклучи Арачиново од електричната мрежа и да ја почувствува правдата како сите нас е една од порадикалните ставови.

Не може за едни мајка за други маќеа да биде државата. Како ќе штеди државата струја да го прашаме Бетиќи, кога цели села се приклучени на диво?!

Колку е кадарно МВР да може да ја спроведе решителноста на ЕВН? Која е пораката која ја праќаме до сите постоечки и идни можни инвеститори?

Во најмала рака ФБ статусот на градоначалникот на Арачиново во врска со темата за кражба на струја е несоодветен и некоректен.

Во Македонија има многу рурални општини со многу послаба и економска и инфраструктурна структура со многу проблеми, но наплатата на струја е од 85 до 95%. Градоначалникот транспарентно нека обзнани колку пати и кога имало јавна сериозна кампања од авторитетите во општината за наплата на електрична енергија.

Таму општината е заложник на неколку крминални кланови кои имаат и политичка заштита и тие се оние кои оневозможуваат сериозни рестрикции на неплаќачите. Апелите се крајно несериозни, а изговорите дека општината има проблеми во суштина sе неоснованi, секоја општина има свои проблеми, но таму месното населениее не вози луксузни коли и џипови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возило излетало од патот, две девојки се…

„На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР…

Трамп ја објави честитката од Руте за…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави…

Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…

Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…

Арсовска достави нови докази до ОЈО: Само…

Градоначалничката на Град Скопје објави дека до…

Трета опција: За некој нема работа ама…

Фејсбук страницата „Трета опција“ сподели нови информации…