Охриѓанка уапсена во Катланово поради тешка кражба

t

Полицијата синоќа во скопското село Катланово ја уапсила М.А. (25) од село во Охридско, барана со потерница за сторено кривично дело „тешка кражба“.

„На 26 август во 21.40 часот во село Катланово, скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А. (25) од село во Охридско. За неа била распишана централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд – Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело ‘тешка кражба’“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Уапсената ќе биде предадена во надлежната казнено поправна установа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се 15 лица на грчкиот остров…

Грчката полиција денеска уапси 15 лица во…

Апсење во Куманово: Пронајдени кокаин и канабис

На 10.05.2024 во 19.30 часот во Куманово…

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) АПСЕЊЕ ВО КОЧАНИ! Ова се…

Денеска во Кочани од страна на полициски…

Албанец уапсен на Деве Баир

Албанец уапсен на еден македонски граничен премин. …

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…